• понеделник, 23 декември 2024

Стогодишник од Шкотска сѐ уште работи и нема намера да се пензионира

Стогодишник од Шкотска сѐ уште работи и нема намера да се пензионира
Единбург, 27 јуни 2022 (МИА) - Дејвид Флукер од Единбург, Шкотска, кој наскоро ќе наполни 100 години, вели оти сѐ уште работи три дена во неделата, и нема намера да забави... Флукер се пензионирал пред речиси 30 години, но тоа не траело долго - тој едноставно морал да ги задржи рацете и умот зафатени. Страсниот работник и денес продолжува да придонесува кон заедницата работејќи во складиште за добротворни прилози „Сент Колумбо“, секоја недела по неколку дена, објави „Единбург лајв“. Тој вели дека ја сака атмосферата на своето работно место и сака да го одржува уредно, за тоа да изгледа како што попрофесионална установа. - Се пензионирав кога имав 72 години, но набрзо повторно почнав да работам, бидејќи едноставно не можев да поднесам да немам што да правам... Морав да правам нешто. Моите раце се такви што постојано мора да работат нешто. Заедно со останатите доброволци прифаќа добротворните прилози, ги подредува и оценува што може да се предаде, а што - не. Тој, вели, води грижа и за складот да биде чист и уреден, за да им биде убав на луѓето. - Ми се допаѓа да доаѓам овде бидејќи и сите други волонтери се среќни луѓе - сите уживаат во работата и со нетрпение очекуваат да дојдат... Мислам дека луѓето треба да продолжат да прават нешто, да го одржуваат умот зафатен и рацете - да работат, да се дружат со луѓето и да им помагаат, додаде тој. Флукер се сложува дека ова е отскокнување во односот кон работа, каде што луѓето обично очекуваат работното време да заврши што поскоро.  си/сд/

Остани поврзан