• петок, 22 ноември 2024

Стивен Кинг одбра шест најдобри филма засновани на неговите приказни

Стивен Кинг одбра шест најдобри филма засновани на неговите приказни

Лос Анџелес, 18 јyли 2024 (МИА) - Американскиот автор Стивен Кинг е еден од оние чии книги и пишани дела често се основа за бројни филмови и телевизиски серии. И, додека некои од овие адаптации останаа култни класици, други се критикувани од гледачите, а понекогаш и од самиот писател.

Во интервју за списанието „Ролинг стоун“, писателот направи лична топ-листа најдобри филмски адаптации на неговите дела. Следи неговиот избор од шест филма.

„Остани до мене“ (Stand by Me) (1986)

Станува збор за авантуристички дeтски филм во режија на Роб Рајнер, со Ривер Феникс и Кифер Сатерленд. Филмот го следи писателот Горди Лачанка, кој во весникот ја чита веста за убиството на своето другарче од детството и се присетува на настаните што им го промениле животот.

„Бегство од Шошенк" (The Shawshank Redemption)

Оваа драма од 1994 година ја режира Френк Дарабонт, а главните улоги ги толкуваат Морган Фримен и Тим Робинс. Приказната го следи банкарот Енди Дуфрен, кој е прогласен за виновен за убиство на неговата сопруга и нејзиниот љубовник и осуден на доживотен затвор, иако тврди дека е невин. Во озлогласениот затвор „Шошенк“, тој се спријателува со влијателниот затвореник Ред.

„Зелената милја" (The Green Mile) (1999)

Уште една класика на Френк Дарабонт, со Том Хенкс, Мајкл Кларк Данкан... Раскажува за еден затворски чувар, затвореникот Џон Кофи, осуден за силување и убиство на две девојчиња, и вистинскиот виновник кој е во неочекувана близина.

„Мизери" 

Психолошки хорор-филм од 1990 година во режија на Роб Рајнер... Раскажува за познат писател кој е киднапиран од опседната обожавателка поради еден од неговите романи. Главните улоги ги толкуваат Кејти Бејтс, Џејмс Кан, Лорин Бекол итн.

„Долорес Клејборн“ (1995)

Уште една психолошка трилер-драма со Кејти Бејтс, но и Кристофер Пламер и Дејвид Стратерн. Режирана од Тејлор Хекфорд.

„Куџо“ (Cujo) (1981)

Култен хорор-филм во режија на Луис Тиг и со Ди Валас, Даниел Хју-Кели и Дени Пинтауро. Приказната е за мајка и син кои се обидуваат да побегнат од лутиот бернардинец Куџо.  си/паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан