• понеделник, 23 декември 2024

Стивен Кинг го најави романот „Холи“

Стивен Кинг го најави романот „Холи“
Лос Анџелес, 4 март 2022 (МИА) - Амриканскиот писател Стивен Кинг го враќа на сцена ликот на Холи Гибни во својот нов, нареден роман со наслов „Холи“. Таа сега е главна хероина, како што Кинг објави како интернет-емисијата „Кингкаст“, посветена нему и на неговите дела. Холи е приватна истражителка и претходно се појавува како спореден лик во трилогијата на Кинг за „Бил Хоџис“ („Господин Мерцедес“, „Кој го најде, негово си е“ и „Крајот на смената“) и во книгата „Аутсајдер“ од 2018 година. Засега не е соопштено кога новиот роман ќе биде издаден и пуштен в продажба. - Никогаш не можев да ја пуштам Холи Гибни да си замине од книгите на Мистер Мерцедес. Мислам, таа требаше да биде спореден лик, но едноставно ја украде книгата и ми го украде срцето и затоа штотуку го завршив романот што се вика „Холи“, нагласи Кинг. Следната книга на Стивен Кинг е насловена „Бајка“ (Fairy Tale) и се однесува на 17-годишното момче Чарли Рид, кое наследува клучеви од паралелен свет, каде што доброто и злото се во војна... „Бајка“ излегува на 6 септември. си/

Остани поврзан