• петок, 20 декември 2024

Стејт департмент: На Израел јасно му ја соопштивме нашата позиција за инвазијата на Рафа

Стејт департмент: На Израел јасно му ја соопштивме нашата позиција за инвазијата на Рафа

Вашингтон, 7 мај 2024 (МИА) - Соединетите Американски Држави јасно му ја кажаа на Израел својата позиција за голема копнена инвазија на градот Рафа во Појасот Газа, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, откако израелската армија ја презеде контролата врз граничниот премин Рафа.

„Продолжуваме да веруваме дека договорот за заложници е во најдобар интерес на израелскиот и палестинскиот народ. Ова ќе доведе до итен прекин на огнот и ќе овозможи зголемување на хуманитарната помош во Газа, рече портпаролот во соопштението.

Претходно денеска израелската армија (ИДФ) соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот премин Рафа во Газа, кој се граничи со Египет, и дека специјалните сили ја скенираат областа. Се наведува дека израелските сили дејствуваат од синоќа во областа на Источна Рафа, каде што се евакуирани повеќето луѓе и некои меѓународни организации. Поради затворање на граничниот премин, прекинат е протокот на хуманитарна помош за Газа. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан