• петок, 22 ноември 2024

Стефан Васев: ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните нуди стари и препознаени кадри, со таквата понуда ги потценуваат граѓаните

Стефан Васев: ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните нуди стари и препознаени кадри, со таквата понуда ги потценуваат граѓаните
Скопје, 2 август 2021 ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на претстојните локални избори, пред граѓаните нудат стари, препознаени кадри од времето на режимот на Никола Груевски и со таквата понуда ги потценуваат граѓаните. Со оваа нивна понуда, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека во нивната партија нема ништо ново. Кадри кои биле носители на државни функции, а сега Мицкоски ги претставува како нови лица пред граѓаните. Но, во понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ има и лица за кои постојат сомневања дека сториле кривични дела, а има и такви со судски пресуди. Во медиумите се појавија написи за сомнителното минато на кандидатот за градоначалник во Гази Баба, Бобан Стефковски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат дали е точно дека Стефковски, во 2002 и 2003 во два наврати бил притворан заради неовластено производство на опојни дроги и психотропни супстанци? Истовремено, за кандидатката за градоначалник на општина Крушево, Билјана Проеска,  во јавноста постојат документи според кои е осудувана во 2015 година на условна казна затвор заради фалсификување исправа. Пресуда со условна казна за учество во тепачка има и за кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски. Ова почитувани е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ предводена Мицкоски не е поместена ниту милиметар од режимско – насилничката матрица. Со ваква понуда на лица кои во најмала рака имаат проблематично минато, со ваков потценувачки однос кон сопствените граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува нов пораз и во Гази Баба и во Крушево и во Бутел, но и низ целата држава. Граѓаните не сакаат осудени лица, лица кои имале проблеми со законот, да ги водат нивните општини, граѓаните се против враќање во режим и насилство. Граѓаните и на овие избори  ќе застанат зад концептот на СДСМ и коалицијата, затоа што знаат дека само така можно е да продолжи напредокот и развојот на државата и општините. Стефан Васев, СДСМ ______________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан