Стерјовски во Барселона на средба со министерот за јазична политика во Владата на Каталонија
- Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција - МАЕИ Васил Стерјовски во Барселона се сретнал со Франсеск Ксавиер Вила и Морено, министер за јазична политика во Владата на Каталонија.
Дебар, 18 ноември 2024 (МИА) - Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција - МАЕИ Васил Стерјовски во Барселона се сретнал со Франсеск Ксавиер Вила и Морено, министер за јазична политика во Владата на Каталонија.
Според Стерјовски, на средбата размениле искуства и мислења за јазичните права на малцинствата во Европа – тема од „клучно значење за зачувување на културната и јазичната разновидност на нашиот континент“.
-Министерот Морено го запознав со положбата и предизвиците со кои се соочуваат Македонците во Албанија, притоа нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во заштита и промоција на јазичните права, објави Стерјовски на Фејсбук.
Додава дека ваквите средби не се само платформа за размена на идеи, туку и можност за градење мостови меѓу заедниците и заедничко залагање за еднаквост и почитување на човековите права. вт/мд/
Фото: Стерјовски ФБ