• недела, 17 ноември 2024

Стартуваше превозот за учениците во општините Штип и Карбинци, воведени и уште две нови линии за граѓаните

Стартуваше превозот за учениците во општините Штип и Карбинци, воведени и уште две нови линии за граѓаните

Штип, 2 септември 2024 (МИА) - Од денеска со почетокот на новата учебна година се враќа во функција јавниот превоз за учениците на територија на Општина Штип и Карбинци, изјави денеска директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски.

Посочи дека од утрово, јавниот авобуски превоз се одвива во најдобар ред, без никакви проблеми и задоцнувања во однос на поаѓањето. Сите ученици се земени навреме и безбедно однесени до училиштата.

-Од одгговорните лица во оваа дејност имам информации дека ова утро, јавниот превоз се одвива во најдобар тек, сите линии на територија на Општина Штип и на Општина Карбинци функционираат нормално, без некакви задоцнувања и проблеми. Сите ученици се земани и безбедно однесени до училиштата и се надевам, дека ќе продолжиме понатаму да функционираме без никакви проблеми, како и во изминатата година, рече Стефановски.

Тој вели дека возните редови за јавниот превоз ќе бидат објавени на на социјаните мрежи, а со тоа граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со линиите.

Од денеска јавниот автобуски превоз во Штип добива уште две нови линии или какошто вели Стефановски  се воведе и четврта зона која ја опфаќа и новата линија од Трговскиот центар, селата Лакавица, Софилари, Пенуш, Драгоево, Селце. Втората линија е во правец кон Општина Карбинци, кон селата Караорман и Долни Балван, а двете нови линии се достани за сите граѓани.  Идејата на ваквиот линиски превоз е да има безбеден, но и поевтин превоз кој ќе биде достапен и за жителите од Општините Штип и Карбинци. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан