• среда, 03 јули 2024

Стартуваа училишните спортски лиги во општината Ѓорче Петров

Стартуваа училишните спортски лиги во општината Ѓорче Петров

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) – Над 350 ученици ќе се натпреваруваат на училишните спортски лиги кои стартуваа денеска во салата на Основното училиште „Тихомир Милошевски“ во скопската општина Ѓорче Петров, во рамки на проект финансиран од локалната власт.

Настапуваат ученици од сите шест општински училишта во повеќе спортови, а во спортските активности се вклучени и наставниците од предметна и одделенска настава.

Настанот го отвори градоначалникот Александар Стојкоски, кој истакна дека спортистите од општина Ѓорче Петров се надалеку познати. На светските терени, додаде, наши спортски амбасадори се многу имиња што е доказ за непрекината работа во насока на спортско Ѓорче.

- Спортот е одличен за ран психо-физички развој кај децата. На долг рок, тоа ќе донесе здрави генерации, научени на дисциплина, тимска игра, и најважно, генерации што ќе знаат да делат победа, но да поднесат и пораз. Затоа што, животот носи многу победи, но и порази, и многу е важно да знаеме да се носиме со нив, нагласи Стојкоски.

Тој најави дека општина Ѓорче Петров и во иднина ќе го поддржува спортот со многу повеќе средства, но и со инфраструктурни чекори кои ќе донесат подобрување на условите за спортување. ег/дма/

Фото:Фејсбук

Остани поврзан