• петок, 22 ноември 2024

Станковски оптимист пред средбите со Ерменија и Украина

Станковски оптимист пред средбите со Ерменија и Украина
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги продолжува подготовките за претстојните предизвици од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023 година. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски со оптимизам го очекуваат дуелот со незгодната селекција на Ерменија во рамките на групата Х од квалификациите. Еден од најквалитетните играчи за врска на младата селекција на Македонија и член на турски Газиантеп даде краток осврт на досегашниот дел од подготовките, очекува Македонија да се покаже во вистинско светло на натпреварите со Ерменија и Украина. - Целосно сме фокусирани на натпреварот против Ерменија. Имаме одлична група на фудбалери која несомнено располага со квалитет, сакаме тоа да го покажеме на последните два меча против Ерменија и Украина. Има одлична енергија и голем колективитет помеѓу нас фудбалерите, што секако е добар знак. Штета што не освоивме повеќе бодови во овој квалификациски циклус, можевме да направиме многу повеќе на мартовските натпревари против Србија и Фарски Острови и да оствариме подобри резултати. Мора да гледаме напред, не очекуваат две нови тешки средби, треба да го дадеме максимумот, да ја посакуваме победата повеќе од нашите противници и да бидеме фокусирано во текот на сите 90 минути. Да одиграме квалитетно, борбено и тимски. Сакаме со победа да го заокружиме овој квалификациски циклус и подготвени да го дочекаме новиот. Сакаме да играме и победуваме за Македонија, изјави Станковски. „Црвено-жолтите“ со Ерменија ќе се соочат на 2 јуни (17 часот) во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски". зс/

Остани поврзан