• сабота, 23 ноември 2024

Стакларскиот занает во Мурано под удар на корона-кризата

Стакларскиот занает во Мурано под удар на корона-кризата
Венеција, 25 август 2020 (МИА) - Светски познатиот италијански производствен комплекс за стакло на островот Мурано, близу Венеција, е пред колапс, коментираат познавачите. Дневниот весник „Ил фато Котидијано” прашува - дали пандемијата на Ковид-19 ќе го зададе последниот удар на оваа традиција? Туристите ги нема, работилниците се затворени, продавниците преполни непродадени предмети... На островот каде што повеќе од седум столетија, на ист, традиционален начин се произведува стакло и предмети кои се истакнуваат со својата убавина и посебност, ваква сезона не се памети. Жителите на овој остров во Венецијанската Лагуна, веќе 15 години имаат проблеми... Многумина се иселуваат, па и онака стакларството полека изумираше. Корона-кризата сега се заканува да го зададе последниот удар на овој вековен занает. Еден од најпознатите мајстори од овој крај, Џанфранко Росето, исто така, не е преголем оптимист. [caption id="attachment_1107673" align="alignnone" width="1024"]Мурано Мурано[/caption] - Ние лебот го заработуваме благодарение на туристите. Нив ги нема и се плашам дека многу мои колеги ќе одлучат засекогаш да ги затворат работилниците, вели мајстор Росето. Приказната за стакларите од Мурано започнна 1270 година, кога тогашните големци одлучиле стакларските работилници од Венеција да ги префрлат на островчето. Предметите изработени во занаетските катчиња тука, се препознатливи под заедничкиот назив „Мурано” како еден вид бренд, што е потврда за квалитетот и автентичноста на рачната изработка. си/сд/

Остани поврзан