• недела, 22 декември 2024

Ставен под контрола пожарот над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро 

Ставен под контрола пожарот над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро 

Кавадарци, 13 август 2023 (МИА) - Ставен е под контрола пожарот над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро, информираа вечерва од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.  

-Шест пожарникари, две возила од ТППЕ Кавадарци и Шумското, интервенираат на пожарот кој настана во населба Брушани, Тиквешко езеро. Пожарот е локализиран, под контрола и нема поголеми штети, соопштија од кабинетот на градоначалникот. 

Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци апелираа до населението за совесност и внимателност, со цел, да не се предизвикуваат пожари. свд/аа/


Фото : МИА 

Остани поврзан