• вторник, 24 декември 2024

Ставен под контрола пожарот во реонот на „Гоцева шума“ кај Неготино

Ставен под контрола пожарот во реонот на „Гоцева шума“ кај Неготино

Неготино, 30 јули 2023 (МИА) - Ставен е под контрола пожарот во реонот на „Гоцева шума“ кај Неготино, што избувна попладнево, потврди за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, кој е на самото место. 

- Среќа во несреќа е што неготинските пожарникари реагираа многу брзо и не дозволија поголеми штети. Во денешниот пожар беа зафатени пет хектари од боровата шума, појасни Стојанов. 

Стојанов беше таму и вчера, кога, исто така, беснееше пожар, а го гаснеа неготински и кавадаречки пожарникари, но се дејствуваше и од воздух со авион на ДЗС и хеликоптер на МВР. 

Според ЦУК, пожарот што во текот на вчерашниот ден беше активен во месноста „Гоцева шума“ во Општина Неготино, а што во текот на ноќта беше изгасен, денеска попладне повторно беше реактивиран. На терен денеска интервенирала ТППЕ Неготино со 10 пожарникари и пет противпожарни  возила.

Според информациите од ЦУК, во пожарот вчера, беше зафатена борова шума на површина од 10 до 15 хектари. свд/вг/

Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан