• сабота, 23 ноември 2024

Ставен на увид планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027)

Ставен на увид планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027)

Велес, 26 март 2024 (МИА) - Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух  за  Општина Велес (2023-2027) е објавен на веб страната на општината www.veles.gov.mk и ќе биде достапен до 20.април годинава.

Од Општина Велес информираат дека сите заинтересирани  можат да го дадат своето мислење, забелешки и предлози и можат  да ги испраќаат на е-маил: opve@veles.gov.mk или по пошта на адресата: „Панко Брашнар“ бр.1,  Велес до крајниот рок - 20 април годинава.

-Вашите мислења, забелешки и предлозиза нас се многу  важни со цел заеднички да го реализираме  планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух Во Општина Велес, потенцираат од службата за информирање на општината.ад/лв/

фото:МИА архива 

Остани поврзан