• недела, 22 декември 2024

Ставен е под контрола пожарот во Неготинско 

Ставен е под контрола пожарот во Неготинско 

Неготино, 3 ноември 2023 (МИА) - Ставен е под контрола пожарот во Неготинско, потврди вечерва за МИА, градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. 

- На терен делуваа неготински и кавадаречки пожарникари, а и дождливото време помогна. Има дежурни пожарникари на лице место и ќе се следи состојбата, додаде Стојанов.  

Станува збор за пожар што избувна попладнево во атарот на селото Дуброво, информираа претходно од ЦУК за МИА. свд/ев/

Фото: МИА 

Остани поврзан