Стабилна состојбата со Ковид -19 во Кичево
- Повеќе од два месеца, состојбата со Ковид 19 во Кичево е стабилна, со мал број новозаболени и нешто поголем број на оздравени лица. Бројот на активни случаи денес изнесува 110 со тенденција н
Кичево, 6 февруари 2021 (МИА) - Повеќе од два месеца, состојбата со Ковид 19 во Кичево е стабилна, со мал број новозаболени и нешто поголем број на оздравени лица. Бројот на активни случаи денес изнесува 110 со тенденција на натамошно намалување.
-Стагнацијата на новозаболени од Ковид 19 во нашата општина продолжува и понатаму. Така, денес се регистрирани само четворица новозаболени и петмина оздравени пациенти, што се рефлектира и врз намалувањето на бројот на активни случаи, кој денес изнесува 110 лица, изјави Џабир Бајрами, директор на Здравствениот дом.
Тој со апел до граѓаните дека пандемијата е далеку од својот крај и во целост треба да се почитуваат мерките пропишани од Владата за успешно справување со Ковид 19.
- Да не се залажуваме дека поволната состојба ќе продолжи да биде поволна без нашиот ангажман и самоодговорност. Напротив, сите треба да бидеме дисциплинирани, да ги почитуваме мерките и како резултат на таа дисциплина ќе имаме и поволни вести поврзани со Ковид 19 и успешна борба со невидливиот непријател, истакна Бајрами. за/бак/