Српско МВР: Повредени шест полицајци, приведени 56 лица, задржани 16 осомничени за насилничко однесување
- За време на вчерашните непријавени собири во Србија, повредени се шест полициски службеници, приведени се 56 лица, задржани се 16 осомничени за насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, а против 35 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
Белград, 17 август 2025 (МИА) – За време на вчерашните непријавени собири во Србија, повредени се шест полициски службеници, приведени се 56 лица, задржани се 16 осомничени за насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, а против 35 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
Во Полициската управа за град Белград се приведени 27 лица, задржано е едно лице, а против останатите ќе бидат поднесени прекршочни пријави, пренесува Бета. Во Полициската управа во Ваљево се приведени 29 лица, задржани се 15, а против 13 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Лесно се повредени шестмина припадници на Жандармеријата. ссм/
фото: ЕПА