• сабота, 23 ноември 2024

Средновековни арапски златници пронајдени во Израел

Средновековни арапски златници пронајдени во Израел
Ерусалим, 24 август 2020 (МИА)Збирка од 425 златници, од кои повеќето датираат од периодот на Калифатот Абасида, од пред 1.100 години, е откриена близу градот Јавнех во средишен Израел. Тие се исклучително ретки, велат познавачите. Археолозите Лијат Надав-Зив и Ели Хадад истакнуваат дека овие наоди се резултат на напорната и посветена работа на младите доброволци. Стручњакот за стари монети, Роберт Кол потврди дека паричките датираат од крајот на деветтиот век, што се смета за златно доба на тоа арапско царство. Калифатот се протегал на поголем дел од Блискиот Исток и во северна Африка. - Искрено се надеваме дека овој труд и потрагата по златни монети ќе ни кажат повеќе за ова време за кое се уште знаеме многу малку, изјави Кол. Во Израел, во 2015 година, копачи аматери пронајдоа 2.000 златници на бреговите на древниот пристанишен град Кесарија, кои потекнуваат од времето на Фатимидите, 10. или 11. век.  си/сд/

Остани поврзан