• недела, 20 септември 2026

Средба Савески - Ѓорѓиевски: Јавните обвинители од една и адвокатите од друга страна имаат огромна одговорност за враќање на довербата и во судот и во правосудниот систем

Средба Савески - Ѓорѓиевски: Јавните обвинители од една и адвокатите од друга страна имаат огромна одговорност за враќање на довербата и во судот и во правосудниот систем

Скопје, 18 септември 2026 (МИА) – Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија Лазо Ѓорѓиевски, на која, како што информираат, заеднички било заклучено дека „јавните обвинители и адвокатите се на спротивставени страни во судница, но на иста страна кога станува збор за почитувањето на човековите права и стандардите на кривичната постапка“.

Савески и Ѓорѓиевски, се вели во соопштението, од средбата упатиле и порака за целосна нетолеранција кон корупцијата и за зголемување на професионалните стандарди за интегритет.

-Јавните обвинители од една страна и адвокатите од друга страна имаат огромна одговорност за враќање на довербата и во судот и во правосудниот систем воопшто, бидејќи со своето постапување пред судот во една контрадикторна постапка директно влијаат на угледот на судот и на довербата од граѓаните - се согласија Савески и Ѓорѓиевски, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

На средбата, Савески и Ѓорѓиевски, разговарале за повеќе прашања од заеднички интерес, при што, како што информирата, договориле континуирана соработка пред се со цел овозможување ефикасност на постапките. аа/вј/

Фото: ЈОРСМ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа