• петок, 05 декември 2025

Средба Путин - Ердоган во Кина

Средба Путин - Ердоган во Кина

Пекинг, 1 септември 2025 (МИА) – Претседателите на Турција и Русија Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин имаа средба на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Кина, јави Си-Ен-Ен Турк.

Путин се заблагодари на Ердоган за дипломатските напори околу кризата во Украина и нагласи дека двете земји успешно соработуваат во енергетиката и на теми од заеднички интерес, меѓу кои Блискиот Исток, Северна Африка и Кавказ.

Ердоган повтори покана до Путин да ја посети Турција, додавајќи дека односите меѓу Анкара и Москва се „искрени и базирани на доверба“.

На средбата присуствуваа повеќе министри од двете влади, меѓу кои шефовите на дипломатијата и енергетиката. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан