• петок, 05 декември 2025

Перински – Суљевиќ: Зајакнување на билатералната соработка за одржлив регионален развој

Перински – Суљевиќ: Зајакнување на билатералната соработка за одржлив регионален развој

Скопје, 8 јули 2025 (МИА) - На маргините на конференцијата на тема „Регионалниот развој во динамично променлив свет - Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој’’, што ја организира Министерството за локална самоуправа во Гевгелија, министерот за локална самоуправа Златко Перински, оствари средба со министерот за регионален инвестициски развој и соработка со невладини организации на Црна Гора, Ернард Суљевиќ.

Како што информираат  од министерството, на средбата се разговарало за тековните инвестиции за регионален развој во двете држави, како и за потенцијалите за унапредување на билатералната соработка, особено во областа на регионалната политика.

Двајцата министри се согласиле дека е потребно зајакнување на координацијата помеѓу централната власт и единиците на локалната самоуправа, како и активно вклучување на локалната самоуправа при подготовка и имплементација на развојни програми и проекти.свс/са/

Фото: Министерство за локална самоуправа

Остани поврзан