Средба Нуфи - Руте: Зајакнување на албанските позиции и одбранбената соработка во НАТО
- Министерот Нуфи во објава на Фејсбук напиша дека за време на состанокот бил високо оценет придонесот на Албанија во колективната одбрана, опишувајќи ја земјата како „фактор на стабилност и референтна точка за безбедноста во регионот“.
Тирана, 15 април 2026 (МИА) - Албанскиот министер за одбрана, Ермал Нуфи, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на која фокусот на разговорите бил ставен на актуелните безбедносни предизвици и растечката улога на Албанија во рамките на Алијансата.
Министерот Нуфи во објава на Фејсбук напиша дека за време на состанокот бил високо оценет придонесот на Албанија во колективната одбрана, опишувајќи ја земјата како „фактор на стабилност и референтна точка за безбедноста во регионот“.
„Директен и многу продуктивен разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, фокусиран на актуелните безбедносни предизвици и постојано растечката улога на Албанија во рамки на Алијансата. Албанија одлучувачки придонесува за колективната одбрана и се афирмира како фактор на стабилност и референтна точка за безбедноста во регионот, стоејќи рамо до рамо со сојузниците, од мировните мисии до најважните меѓународни операции, во служба на мирот и евроатлантските вредности“, пишува тој.
Во овој дух, додава Нуфи, континуираната поддршка од сојузниците останува клучна за зајакнување на нашите одбранбени капацитети и зголемување на оперативната подготвеност. вт/ссм/
Фото: Нуфи Фејсбук