• петок, 17 април 2026

Во Гана спасени 305 граѓани од Западна Африка, од кои 113 деца, во операција против трговија со луѓе

Во Гана спасени 305 граѓани од Западна Африка, од кои 113 деца, во операција против трговија со луѓе

Акра, 16 април 2026 (МИА) – Повеќе од 300 граѓани на Западна Африка, вклучувајќи 113 деца, се спасени во акција на Службата за имиграција на Гана насочена кон мрежите за улично просење во главниот град Акра.

Операцијата била насочена кон групи осомничени за улично просење кои ги експлоатираат странските државјани, жртви на трговија со луѓе во делови од регионот Голема Акра.

Според извештајот на Стејт департментот на САД од 2024 година, Гана не ги исполнува минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, и покрај напорите на владата. Земјата е извор, транзитна и дестинациска точка за трговија со луѓе во Западна Африка.

Не се објавени националностите на 305-те спасени лица, но се наведува дека меѓу нив има 36 момчиња, 77 девојчиња, 66 жени и 126 мажи.

Агенцијата истакна дека големиот број малолетници укажува на растечка загриженост поради користењето деца во организирани шеми за просење поврзани со трговија со луѓе, а операцијата е спроведена за да се разбијат мрежите кои ги експлоатираат странските државјани, особено жените и децата. јт/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан