• недела, 07 јули 2024

Средба на Тошковски и Буши со амбасадорот на Унгарија

Средба на Тошковски и Буши со амбасадорот на Унгарија

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи и заменик министерот за внатрешни работи во техничката Влада,  Панче Тошковски и Назим Буши денеска остварија средба со амбасадорот на Унгарија Андраш Клајн и новоименуваното полициско аташе Иштван Ердош.

На средбата, како што соопшти МВР, Тошковски се заблагодари за целокупната поддршка што Унгарија ја давала во минатото на Министерството за внатрешни работи, што како процес продолжува да се имплементира и понатаму.

-Накратко го запозна амбасадорот Клајн со затекнатата состојба во Министерството и неговата улога како министер во техничката Влада во процесот на организирање на изборниот циклус кој ни следи. Во тој контекст министерот Тошковски го истакна правото на распоредување на 15 раководни позиции во Министерството за внатрешни работи, но потенцираше дека од страна на Владата не е добиена согласност за едно распоредување за началник на еден од Секторите за внатрешни работи. За вакви и други слични случаи, министерот Тошковски изрази загриженост дека Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР ќе дојдат до заклучок дека се доведува во прашање законитото постапување, се наведува во соопштението од МВР.

На крајот од средбата соговорниците се согласиле дека меѓусебната успешна соработка треба да продолжи и во иднина, а амбасадорот Клајн уште еднаш ги потврди заложбите за силната поддршка на Министерството за внатрешни работи. дма/са/

Фото: МВР

Остани поврзан