• сабота, 23 ноември 2024

Средба на струшкиот градоначалник со претставници на МОК

Средба на струшкиот градоначалник со претставници на МОК
Струга, 3 март 2022 (МИА) - Професори по физичко воспитување и претставници од спортски клубови од Струга и струшко денеска имаа можност да се запознаат со начините за изработка и аплицирање на проекти за добивање финансиски средства од Македонскиот олимписки комитет и Европските фондови за унапредување на спортот во градот. Средбата беше во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со Општина Струга. Целта, како што истакна градоначалникот Рамис Мерко, беше поврзување на МОК со Општина Струга. Тој меѓу другото ги презентирал условите што ги нуди општината за реализација на проекти и организирање натпреварувања од меѓународен карактер. - На средбата со претседателот и секретарот на МОК, Даниел Димевски и Сашо Поповски, беше ветено дека ќе ги донесат Европските олимписи игри за водни спортови, како и други видови спортски натпреварувања во Струга. Тоа би било добро за развој спортот во Струга, а со тоа и на спортскиот туризам, изјави Мерко. Во рамки на претстојот во Струга, претставниците на МОК го посетија и основното училиште „Браќа Миладиновци“, каде учениците имаа подготвено проекти за спортот и добија скромна донација за спортските активности. Претседателот на МОК, Димевски забележал дека Струга има потенцијал за спор, пред се за водните спортови. сс/фф/

Остани поврзан