• понеделник, 23 декември 2024

Средба на спикерот Гаши со британскиот амбасадорот Лосон

Средба на спикерот Гаши со британскиот амбасадорот Лосон

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши денеска имаше средба со британскиот амбасадор Метју Лосон.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши искажал особено задоволство од денешната средба, притоа констатирајќи ги одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, кои меѓусебно ги негуваме повеќе од три децении. Била изразена посебна благодарност до Обединетото Кралство за водечката улога и поддршка во развитокот и во клучните историски моменти на нашата земја како независна европска демократија.

Гаши посебно ја издвоил соработката на ниво на парламентарни групи за соработка, проектната помош преку Весминстер Фондацијата за Демократија и за подготовките на Законот за Националната развојна стратегија.

-Во доменот на економската соработка, горди сме што Обединетото Кралство е нашиот втор трговски партнер и еден од најголемите директни инвеститори, а од друга страна ние сме нивен најголем трговски партнер од регионот на Западен Балкан. Во таа насока, во Собранието на Република Северна Македонија минатата година беа донесени законски измени кои се однесуваат на меѓусебната трговија, како уште една потврда за силна и константна посветеност во нашите билатерални економски и трговски односи, посочил Гаши.

Амбасадорот Лосон, упатувајќи му честитки на Гаши во име на британската Влада за изборот на функцијата, изразил задоволство за потврдата на продолжување на веќе воспоставената соработка. Амбасадорот го истакнал успехот за донесувањето на Законот за национална развојна стратегија и буџетирањето, чија примарна цел, како што наведуваат од Собрание, е нивната примена да оди над партиските линии и да им помогне на пратениците да носат долгорочни стратешки одлуки во различни приоритетни области. Во светло на актуелните случувања, особено го издвоил буџетирањето за одбрана согласно стандардите на НАТО.

Двајцата соговорници размениле мислења околу престојните активности на Собранието, можностите и модалитетите во рамките на веќе утврдената соработка, но и за потенцијалите на друг вид на соработка од взаемен интерес.фф/са/

Фото: Собрание

Остани поврзан