• петок, 05 декември 2025

Средба на претседателот на Собранието Гаши со новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Зомер

Средба на претседателот на Собранието Гаши со новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Зомер

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска оствари средбал со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер.

Гаши му упатил искрени честитки за стапувањето на должноста, посакувајќи му успешен и плодотворен мандат, како и продолжување на пријателската и конструктивна соработка меѓу двете држави.

Како што информираат од собраниската прес-служба, во разговорот било нагласено дека Република Северна Македонија и Швајцарија одржуваат одлични билатерални односи, засновани на доверба, почит и континуирана партнерска соработка. Посебно била истакната поддршката што Швајцарија ја обезбедува во процесот на европската интеграција на нашата држава, како и значењето за натамошниот развој на парламентарната соработка меѓу двете законодавни тела.

Претседателот Гаши изразил благодарност за поддршката во рамки на Програмата за поддршка на Собранието, со посебен акцент на развојот и зајакнувањето на институционалните капаците на Собранието, меѓу другото и на Парламентарниот институт, проект кој претставува трајно наследство и пример за успешно партнерство.

Амбасадорот Зомер се заблагодарил за топлото гостопримство и ја пофали досегашната соработка меѓу двете земји, особено на парламентарно ниво. Тој истакнал дека започнува мандат во период одбележан со значајни постигнувања во билатералните односи и изрази очекување дека со заеднички напори ќе продолжи унапредувањето на соработката во сите области, вклучително и дополнително поттикнување на економската соработка.

Двете страни, како што се наведува во соопштението, изразиле подготвеност за продолжување на заедничките проекти, продлабочување на институционалната соработка и јакнење на партнерството меѓу двете држави. фф/сст/

Фото: Собрание

Остани поврзан