• вторник, 26 ноември 2024

Средба на претседателот на ЕДП, Хоџа, со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва

Средба на претседателот на ЕДП, Хоџа, со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Европската Демократска Партија (ЕДП), Арјанит Хоџа, остварил средба со амбасадорот на Република Чешка во Скопје, Јарослав Лудва, на која се разговарало за актуелната политичка состојба во земјата и потребата од уставни измени, како многу важен чекор за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Како што соопштија од ЕДП, Хоџа го реафирмирал ставот на партијата дека иднината на земјата нема друга опција освен целосна интеграција во Европската Унија

- Затоа е многу неопходно сите политички фактори во земјата да дејствуваат во насока на забрзување на интеграцијата на земјата во Европската Унија, отстранувајќи ги сите пречки кои ја држат изолирана европската иднина на државата, се наведува во партиското соопштение.

Претседателот на партијата Хоџа му се заблагодарил на амбасадорот Лудва за безрезервната поддршка што Чешка и ја дава на Северна Македонија низ години.

- Двете страни се согласија за продолжување на комуникацијата, што е во служба на остварување на заедничките аспирации и заокружување на интегративниот процес на земјата во Европската Унија, стои во соопштението од ЕДП. цр/ац/

Фото: ЕДП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан