• петок, 22 ноември 2024

Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија

Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија

Охрид, 10 мај 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка, генерал Еирик Кристоферсен, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија, денеска во Охрид ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Церемонијата за пречек со воени почести, информираа од ГШ на Армијата, ќе се одржи во Кампот за обука на вода, кај сидриштето Билјанини извори, по што генералот Кристоферсен ќе оствари средба со својот домаќин, генералот Ѓурчиновски.

- Тема на официјалните разговори, покрај билатералната соработка, ќе бидат и активностите во процесот на трансформација на Армијата, нашиот придонес во мисиите и активностите на НАТО надвор од земјата, како и капацитетите и можностите за изведување на вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“,с е наведува во соопштението.

За време на посетата, на генералот Кристоферсен од страна на генералот Ѓурчиновски ќе му биде доделено армиското признание „Златна значка на Армијата“ во знак на благодарност за досегашната помош и поддршка, меѓу кои е и последната донација составена од 76 моторни возила. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан