• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на министерот Мисајловски со словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш

Средба на министерот Мисајловски со словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш.

На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, се разговарало за досегашната одбранбена соработка со Словачка и иницијативите за нејзино интензивирање, зајакнување и унапредување во повеќе области со цел  стабилност и безбедност на регионот и пошироко.

Министерот Мисајловски изразил благодарност за континуираната силната поддршка на Словачка на патот кон целосна евроатланската интеграција на нашата земја. дма/бак/

Фото: Министерството за одбрана
 

 

Остани поврзан