• сабота, 23 ноември 2024

Средба на министерот Лога со студенти и ученици по повод Европскиот ден на правдата

Средба на министерот Лога со студенти и ученици по повод Европскиот ден на правдата

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Министерот за правда, Кренар Лога по повод Европскиот ден на правдата во рамките на Министерството за правда оствари средба со студенти од Правниот факултет на Државниот Универзитет во Тетово, докторанти од Правниот факултет „Јустиниан Први" - Скопје и ученици од СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“.

Студентите и учениците, како што информираат од кабинетот на Лога, одблизу имале можност да се информираат за работата од надлежност на Министерството за правда, како и за правната помош кои ја нуди оваа институција.

Од Министерството, исто така, посочуваат дека организирани се и отворени денови за посета во повеќе судови, адвокатски, нотарски и извршителски канцеларии низ државата.

Реформите, се вели во соопштението, би биле невозможни без соработка и отвореност помеѓу институциите како предуслов за зајакнување на довербата во правосудниот систем и доближување на правдата до граѓаните. аа/вг/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан