• петок, 22 ноември 2024

Средба на министерот Велковски со советот на згрижувачи од СОС Детско Село

Средба на министерот Велковски со советот на згрижувачи од СОС Детско Село

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска оствари средба со советот на згрижувачи од СОС Детско Село, соопшти МТСП.

Како што се вели во денешното соопштение, тие посочиле дека е згрижувачка состојбата во државата бидејќи немало интерес за нови згрижувачки семејства, а се ставало под знак прашање и функционирањето на постојните.

-Без поддршка од Министерството за труд и социјална политика процесот на деинституционализација нема одржливост, истакнале тие.

На средбата биле посочени слабостите во системот на социјална заштита и третирањето на згрижувачите од страна на институциите.

-Згрижувањето на деца треба да се гледа како професионална дејност и треба да се залагаме да се добие соодветно место во системот. Згрижувачите не се обични луѓе, туку за нив системот треба да даде свој придонес како посебни даватели на услуги, рекол Велковски.

На средбата било речено дека во иднина заедно како партнери ќе работат да донесат посебна методологија за утврдување на надоместок за згрижено дете и надоместок за згрижувачот. Згрижувањето, било наведено, треба да стане професија со платени придонеси за извршената работа, а згрижувачите треба да бидат партнери на Министерството во остварувањето на правата на децата. сст/са/

фото МТСП

 

 

Остани поврзан