• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на заменик министерот Јаќимоски со заменик францускиот амбасадор Маршето: Продолжување на соработката за реформи во јавната администрација

Средба на заменик министерот Јаќимоски со заменик францускиот амбасадор Маршето: Продолжување на соработката за реформи во јавната администрација

Скопје, 10 април 2025  (МИА) - Заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски денеска остварил средба со заменик амбасадорот на Франција, Филип Маршето. На средбата, како што соопшти Министерството, се разговарало за унапредување на соработката во реформите на јавната администрација и зајакнување на институционалните капацитети на Републикава.

Заменик министерот Јаќимоски изразил благодарност за континуираната поддршка од Франција, особено во делот на размената на добри практики и експертиза. Ја истакнал важноста на реформите кои ќе придонесат за зголемување на ефикасноста и транспарентноста во јавната администрација.

Заменик амбасадорот Маршето, како што е наведено во соопштението, ја потврдил подготвеноста на Франција да продолжи да ја поддржува земјава во процесот на реформи и модернизација на јавната администрација, преку размена на искуства и експертиза.

Средбата, како што посочуваат од Министерството, била одлична прилика за размена на идеи и планови за понатамошно унапредување на институционалните капацитети на Републикава и за зајакнување на долгогодишниот партнерски однос меѓу двете земји. дма/бак/

Фото: Кабинет на министер за јавна администрација

 

Остани поврзан