• понеделник, 04 ноември 2024

Средба на Али Ахмети со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва

Средба на Али Ахмети со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва

Скопје, 11 октомври 2024 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во Тетово се сретна со чешкиот амбасадор во Скопје, г. Јарослав Лудва. 

Претседателот Ахмети и амбасадорот Лудва главно разговараа за интеграцијата на земјата во обединета Европа и петте приоритети кои ги објави г. Ахмети. 

Уставните измени и продолжувањето на европскиот пат е приоритет над приоритетите на г. Ахмети, Демократската унија за интеграција и Албанците, но тоа треба да биде приоритет за сите. 

Ветингот за политичари, судии и обвинители со меѓународен мониторинг, проверка на богатството и имотот ма сите носители на јавни функции, истрагата за приватизацијата и олигархијата креирана од тој процес, се предуслови за неселективно владеење на правото и стопирање на политички лов на вештерки со партиска пропаганда. 

ДУИ не е заинтересирана да биде дел од владата, но ќе продолжи да алармира дека на власта и недостасува етнички легитимитет и тоа ги прави владините одлуки моноетнички. 

Претпочитаните и преференцијални Албанци предизвикуваат непоправливи последици.

Северна Македонија е мултиетничка земја и има потреба од хармонија меѓу двете мнозински заедници, Албанците и Македонците. 
Взаемното почитување е почетна точка за стабилност, стабилност, безбедност и одржлива иднина на земјата. 

Системското кршење на Охридскиот договор од страна на Владата и Уставниот суд е неприфатливо и е алармантно за општеството и мултиетничкиот карактер на државата.

ДУИ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан