• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба Муцунски - Вајц: Цврста посветеност на Владата за напредок на европскиот пат преку спроведување стабилен реформски процес во клучните области

Средба Муцунски - Вајц: Цврста посветеност на Владата за напредок на европскиот пат преку спроведување стабилен реформски процес во клучните области

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска имал средба со европратеникот и известител од Европскиот парламент, Томас Вајц на која било разговарано за напредокот на државата во процесот на европска интеграција, идните чекори во пристапниот процес, како и можностите за зајакнување на соработката со Европскиот парламент. 

-Ја истакнав цврстата посветеност на Владата за напредок на европскиот пат преку спроведување стабилен реформски процес во клучните области, зајакнување на економските капацитети и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Дополнително, се осврнав на добрососедските односи, нагласувајќи ја нашата заложба за нивно постојано унапредување врз основа на принципите на меѓусебна почит и градење доверба, напиша Муцунски на Фејсбук. 

Министерот Муцунски се заблагодарил за досегашната работа на Вајц и отворената соработка во насока на промоција на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

-Двајцата соговорници го нагласија значењето на одржување конструктивен дијалог со Европскиот парламент на сите нивоа, како и потребата од продлабочување на соработката, со цел унапредување на заедничките интереси и обезбедување континуирана поддршка за европската перспектива на земјата, се наведува во соопштението од МНРиМТ. ев/цр

ФОТО: МНРиМТ

Остани поврзан