• четврток, 26 декември 2024

Средба Мицкоски - Рикер во Вашингтон, разговарале за предизвиците и поддршката за остварување на стратешките интереси

Средба Мицкоски - Рикер во Вашингтон, разговарале за предизвиците и поддршката за остварување на стратешките интереси

Вашингтон, 9 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон  имал средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер, со кого разговарале за предизвиците со кои се соочува нашата земја и поддршката што ни е потребна за остварување на стратешките интереси.  

-Посетата во Вашингтон ја искористив за средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер. Разговаравме за предизвиците со кои се соочува Македонија, поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси. Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните, напиша на Фејсбук премиерот Мицкоски. 

Премиерот Мицкоски ја предводи владината делегација која е во официјална посета на САД, а ќе учествува и на Самитот на НАТО. ев/ac/

Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Остани поврзан