• петок, 05 декември 2025

Средба Мелони-Макрон во Рим

Средба Мелони-Макрон во Рим

Рим, 3 јуни 2025 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го пречека францускиот претседател Емануел Макрон во Рим.

Целта на средбата е намалување на тензиите меѓу двајцата лидери, кои произлегоа во последно време по неколку прашања, меѓу кои и Украина и американските царини, јавуваат италијанските медиуми.

На почетокот на средбата, Мелони и Макрон разменија бакнежи и срдечно се насмевнаа кон новинарите, пред да се повлечат на разговори, по кои ќе следува работна вечера.

За време на својата посета на Рим, Макрон нема да се сретне со неговиот италијански колега, Серџо Матарела. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан