• петок, 22 ноември 2024

Средба Гир-Антоновски посветена на можностите за поставување на основите за поголема одржливост и финансиска стабилност на МИА

Средба Гир-Антоновски посветена на можностите за поставување на основите за поголема одржливост и финансиска стабилност на МИА

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) – Амбасадорот на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија Дејвид Гир денеска го прими директорот на државната агенција МИА, Драган Антоновски на средба во просториите на Делегацијата.

Гир и Антоновски разговараа за соработката меѓу ЕУ делегацијата и МИА и можностите за нејзино продлабочување.

На состанокот беше потенцирано дека ЕУ делегацијата високо ја цени работата на МИА, како релевантен извор на брзи и точни вести и дава целосна поддршка на слободното функционирање на медиумите и унапредување на слободата на говорот во земјава. 

На средбата соговорниците разговараа за работата на МИА, за реформите спроведени изминатите години, како и за препораките до Владата, кои произлегоа од експертската тркалезна маса, поддржана од ОБСЕ за законско уредување на работата на МИА. 

Гир и Антоновски се осврнаа и на можностите за поставување на основите за поголема одржливост и финансиска стабилност во работењето на државната Агенција. ац/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан