Средба Божиновска – Милер: Поддршка од КфВ банка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање
- Напредокот и понатамошната реализација на втората фаза од ветерниот парк Богданци, фотонапонската електрана „Битола 2“, како и третата фаза од ревитализацијата на големите хидроелектрани беше во фокусот на работната средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и Клаус Милер, директор на КфВ банка за Југоисточна Европа и Турција, што се одржа во рамките на ЕСГ Адриа самитот 2025 во Тиват, на која присуствуваше и директорот за финансии на АД ЕСМ Иван Стојановски.

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Напредокот и понатамошната реализација на втората фаза од ветерниот парк Богданци, фотонапонската електрана „Битола 2“, како и третата фаза од ревитализацијата на големите хидроелектрани беше во фокусот на работната средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и Клаус Милер, директор на КфВ банка за Југоисточна Европа и Турција, што се одржа во рамките на ЕСГ Адриа самитот 2025 во Тиват, на која присуствуваше и директорот за финансии на АД ЕСМ Иван Стојановски.
-Овие проекти не само што го зголемуваат домашното производство на електрична енергија, туку и го зајакнуваат целиот енергетски систем на државата. Партнерството со КфВ банката е значаен поттик за трансформацијата кон одржлива енергетика, истакна Божиновска.
Посебно внимание, како што информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), беше посветено на нови иницијативи за техничка помош насочена кон унапредување на интерните капацитети на АД ЕСМ, за среднорочно и стратешко планирање, со акцент на инвестициските проекти.
КфВ банката, како што посочуваат од МЕРМС, потврди дека останува стратешки партнер и дека ќе продолжи со поддршка за нови проекти, меѓу кои се и фотонапонската електрана „Битола 3“ и други инвестиции во обновливи извори на енергија.вј/са/
Фото: МЕРМС