• среда, 24 јули 2024

Сребрен медал за македонските кошаркари на ЕП Б-дивизија У-20

Сребрен медал за македонските кошаркари на ЕП Б-дивизија У-20

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација го освои второто место на Европското првенство во Скопје за играчи до 20 години Б-дивизија.

 

Избраниците на селекторот Никола Василев синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ загубија од Чешка со 85:72.

 

И покрај поразот во финалето, црвено-жолтите изборија пласман во А-дивизијата следната сезона.

 

Во мечот за третото месо Украина ја победи Шведска со 83:61. зс/

Остани поврзан