• четврток, 01 август 2024

Србљак елиминиран од вториот носител на фјучерсот во Куршумлијска бања

Србљак елиминиран од вториот носител на фјучерсот во Куршумлијска бања

Куршумлијска бања, 21 септември 2023 (МИА) – Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на фјучерсот во Куршумлијска бања откако денеска загуби од вториот носител Свјатослав Гулин со 2-1 во сетови (6-2, 6-7, 6-1) во дуел кој траеше два часа и 28 минути.

Ова е втор пораз на Србљак од Гулин на последните два турнира на кои двајцата тенисери се сретнаа последните две недели.

Србљак за пласманот во второто коло ќе добие еден поен во рангирањето за АТП листата.

Македонскиот тенисер идната недела продолжува со учество на фјучерс турнирите во Србија со настап во Златибор. ег/мд/

ФОТО: МТФ

Остани поврзан