Србија ја поддржа декларацијата на ЕУ за изборите во Белорусија
- За разлика од српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој му честиташе на Александар Лукашенко за реизборот за претседател на Белорусија, Србија ја поддржа д
Белград, 26 август 2020 (МИА) - За разлика од српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој му честиташе на Александар Лукашенко за реизборот за претседател на Белорусија, Србија ја поддржа декларацијата на Европската унија, во која се вели дека изборите во оваа земја не биле слободни и фер, пренесува порталот Кликс.
Амбасадорот на ЕУ во Србија, Сем Фабрици на својот профил на Твитер објави дека Србија ја поддржува декларацијата.
„Ја поздравувам одлуката на Србија да ја поддржи Декларацијата на ЕУ за претседателските избори во Белорусија“, напиша Фабрици на Твитер.
Реизборот на Лукашенко предизвика протести во земјата, каде демонстрантите негодуваат поради изборниот фалсификат. ссм/