• недела, 26 јули 2026

СП 2026: Јамал меѓу најмладите стрелци на Мундијалите

СП 2026: Јамал меѓу најмладите стрелци на Мундијалите

Атланта, 21.јуни 2026 (МИА) – Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал по само десет минути игра ја затресе мрежата на Саудиска Арабија и на својот прв натпревар како стартер на Мундијал постигна гол. Со постигнатиот гол тој влезе во ТОП 10 најмлади фудбалери, кои успеале да постигнат гол.

Јамал има 18 години и 343 дена и е осми најмлад стрелец на Светско првенство.

Најмлад стрелец на Мундијалите е легендарниот Пеле со 17 години и 239 дена, а потоа следуваа Мексиканецот Мануел Росас, Шпанецот Чави, Англичанецот Мајкл Овен, Романецот Николае Ковач и Русинот Дмитриј Сичев.

Јамал е најмлад стрелец на Европските првенства со гол постигнат на 16 години и 362 дена. мн/

Фото: ЕПА