• недела, 26 јули 2026

СП 2026: Кејн ја „однесе“ Англија во осминафиналето

СП 2026: Кејн ја „однесе“ Англија во осминафиналето

Атланта, 1.јули 2026 (МИА) – Репрезентацијата на Англија успеа да се пласира во осминафиналето откако попладнево ја совлада селекцијата на ДР Конго со 2:1, со двата гола на капитенот Хари Кејн. Репрезентацијата на ДР Конго беше на чекор од изненадување, но африканската селекција не успеа да го зачува водството.

ДР Конго поведе во 7 минута преку Брајан Цинпенга, а во 42.минута Јоан Виса ја погоди стативата и резултатот остана 1:0. Првиот гол Англија го постигна Кејн во 75 минута, а со вториот во 86.минута дојде до победата за пласман во осминафиналето.

Англија во осминафиналето ќе игра против Мексико во Мексико Сити на 6.јули.

Вечерва на програмата сè уште два натпревара во Сиетл играат Белгија – Сенегал (почеток 22 часот) и во Сан Франциско е дуелот меѓу САД – Босна и Херцеговина (почеток 2 часот по полноќ). мн/

Фото: ЕПА