• вторник, 19 ноември 2024

СП ракомет У-19: Пораз од Норвешка за македонската репрезентација

СП ракомет У-19: Пораз од Норвешка за македонската репрезентација

Риека, 2 август 2023 (МИА) – Македонската кадетска репрезентација загуби од соодветната селекција на Норвешка со 27:25 во 1. коло на Светското ракометно првенство во Хрватска.

 

На денешниот натпревар во Риека, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ одиграа добро прво полувреме и на пауза заминаа само со два гола негатива (11:9). Во вториот дел Норвежаните имаа и пет голови предност, но на само 90 секунди пред крајот Македонците намалија на (25:24). До крајот Норежаните постигнаа два, нашите еден гол за конечни 27:25.

 

Другите две селекции во Ф-групата се Црна Гора и Грузија. Нивниот меѓусебен натпревар почнува во 19:30 часот.

 

Во Главната фаза од натпреварувањето продолжуваат најдобрите две репрезентации од групата. Во Президент Куп од натпреварувањето продолжуваат трето и четвртото пласираната репрезентација. зс/

Остани поврзан