• петок, 22 ноември 2024

СП: Нереална и провидна е лажната дилема „интеграција кон ЕУ или изолација“,

СП: Нереална и провидна е лажната дилема „интеграција кон ЕУ или изолација“,

Скопје, 4 јуни 2023 

Наметнувањето од власта на лажната дилема „интеграција кон ЕУ или изолација“, Социјалистичката партија на Македонија го оценува за нереална и провидна дилема која всушност постои внатре во самиот СДС. Ниту интеграцијата е извесна во сегашна констелација и подделеност во Унијата, ниту пак е можна изолација во глобалниот свет на понуди и можности.

Притисокот кој медиумски оркестрирано го прави СДС е силен и безобразен без да се дадат аргументи за погрешната политика која ја доведе државата во состојба на подреденост. Со најавата за можна изолација СДС потврдува дека тоа е резултат на прифаќањето на бугарските уцени за промена на Уставот. Тие се причина и последица на уште порази кои ќе следат заради предавствата на СДС доколку нивната власт продолжи и ден повеќе.

Како што Артан Груби се плаши и цени дека нема потреба да се поведе постапка пред Уставниот суд за Законот за работни односи, така и СДС со ДУИ со сеење страв од наводна изолација не дозволуваат други мислења и поинакви политики. Нивното време истекува, доаѓаат нови можности и нови национално определени политичари.
Социјалистичката партија на Македонија, како составен дел од Коалицијата „Обнова на Македонија“, го брани интересот и дигнитетот на државата Македонија и на нејзините граѓани.

Социјалистичката партија на Македонија посочува дека со упорното одбивање на наметнатите и изнасилени промени се потврдува дека Македонците не прифаќаат уцени и знаат да го одберат вистинскиот пат и вистинските лидери, што ќе се случи на изборите кои ги бараат граѓаните. 

Социјалистичка партија

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан