• петок, 22 ноември 2024

Спроведено претпоследното уништување убојни средства на полигонот Криволак

Спроведено претпоследното уништување убојни средства на полигонот Криволак

Кичево, 19 февруари 2021 (МИА) - На воениот полигон Криволак денеска беше изведено претпоследното уништување на убојни средства пронајдени во земјава во второто полугодие од минатата година. Во денешната операција беа уништени над 2000 убојни средства од различен калибар и старост.

-Планираното уништување на убојни средства пронајдени ширум нашава земја во изминатото полугодие беше изведено денес на воениот полигон Криволак, при што беа уништени над 2000 парчиња од различна старост и различен калибар. Целата операција протекна во беспрекорен ред и со учество на седум пиротехничари од ДЗС и по двајца од АРСМ и МВР, рече Драгољуб Попоски од Дирекцијата за заштита и спасување.

Тој појасни дека уништувањето било изведено со помош на контролирана експлозија, а лицата директно вклучени во оваа операција биле оддалечени на безбедно растојание од околу два километри од местото на експлозијата. -За да се уништи и последната количина на убојни средства ќе се изведе уште едно уништување на 23 овој месец наместо на 26 февруари, како што беше претходно најавено и, ако преостане одредена количина за уништување, тогаш ќе има и трето уништување што ќе се случи на 26 февруари. Само во месец февруари уништени се над 5200 убојни средства, додаде Ппоски. за/сст/

Остани поврзан