• вторник, 24 декември 2024

Спреј за тримесечна заштита од вируси

Спреј за тримесечна заштита од вируси
Хонк Конг, 28 април 2020 (МИА) - Научници од хонгконшкиот Универзитет за наука и технологија, развија антивирусна супстанција којашто ќе може да ги штити површините од новиот коронавирус и до 90 дена. Цената на МАП-1 е осум евра. Инаку, научниците на ова средство во облик на спреј работеле 10 години. Според нив, тоа да ги заштити површините на јавни места, како што се огради на скали и лифтови. - Овие места се допираат од многу луѓе и на тој начин стануваат многу лесни преносители на болести. Спрејот е составен од милиони нанокапсули со дезинфекциски средства коишто ги уништуваат бактериите и вирусите, објаснува професор Џозеф Кван, еден од водечките истражувачи на Универзитетот. Тој додава дека ефикасноста на МАП-1 се зголемува при полимери чувствителни на топлина, кои се распаѓаат во допир со човек и така ги ослобдуваат дезинфициенсите. Спреј е нетоксичен и безбеден за кожата и животната околина. Одобрен е за службена и масовна употреба во февруари, по клинички испитувања во една болница во Хонк Конг. си/ми/

Остани поврзан