• вторник, 14 мај 2024

Спречен обид за самоубиство од зграда во Скопје

Спречен обид за самоубиство од зграда во Скопје
Скопје, 20 март 2021 (МИА) - Екипи на скопските пожарникари и на специјалната единица на МВР денеска спречија обид за самоубиство на девојка од зграда на булеварот Илинден близу МИДА во Општина Карпош. Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје на фејсбук профилот објави дека по пријава на телефонскиот број 193, пожарникарите излегле на терен и поставиле душек за спасување во случај ако девојката скокне. Во акцијатата припадници од интервентната полиција се  спуштиле со јажиња од горниот кат и ја затвориле терасата од станот каде што била девојката. По спасувањето, девојката, за која медиумите објавија дека,имала претходни психички проблеми, влегла во болничко возило каде и била пружена прва помош. вг/

Остани поврзан