• недела, 19 мај 2024

Спречени два пожара во Кавадаречко 

Спречени два пожара во Кавадаречко 

Кавадарци, 2 август 2023 (МИА) -  Спречени се два пожара попладнево во Кавадаречко, информираа од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

- По пријава од ИГМ Трејд, веднаш е интервенирано од страна на ТППЕ Кавадарци и спречен е голем пожар во една од халите на компанијата. Запалена е инсталација на една од машините. Интервенирано е со двајца пожарникари и еден противпожарен камион, соопштија од кабинетот на градоначалникот. 

Поголема штета била спречена и во кавадаречкото село Возарци. 

- Запалена дрвена бандера во село Возарци. За среќа , спречена е поголема штета благодарение на полицаецот Ристе Илов, кој интервенирал и ја повикал службата на ТППЕ Кавадарци, се наведува во информацијата. свд/лв/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Јанчев 

Остани поврзан