• вторник, 14 мај 2024

Спортски игри по повод Светскиот ден на водите во Делчево

Спортски игри по повод Светскиот ден на водите во Делчево

Делчево, 22 март 2024 (МИА) - Во Делчево втора година по ред ќе се одржат спортски игри по повод одбележувањето на 22 Март, Светски ден на водите. Настанот годинава ќе се реализира под мотото „Чиста вода за Делчево- секоја капка е важна“.Активноста е во организација на Општина Делчево и ЈКП „Брегалница" преку Проект за подобрување на водоснабдувањето во Делчево.

-Под овој слоган, преку спортски игри ќе се одбележи Светскиот ден на водата. Покрај спортските игри во кои учествуваат децата од детската градинка „Весели Цветови“, како и учениците од двете основни училишта во Делчево и  Дневниот центар за лица со посебни потреби, оваа година ќе има и аукција на изработените уметнички дела од нивна страна, информираа од Општина Делчево.

Средствата собрани во рамки на настанот како што додадоа ќе бидат целосно донирани на децата од социјален ризик.

-Дојдете, бидете дел од настанот и доколку сте во можност донирајте. Секоја Ваша поддршка е добредојдена. Настанот ќе се одржи на сцената пред Општина Делчево во 11:00 часот. Донациите ќе бидат јавно објавени (доколку е одобрено од страна на донаторите), додадоа од Општина Делчево

Настанот се реализира во соработка со Црвен Крст и образовните институции од Делчево. вс/ев/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан